Во пратка од Иран до Јемен американската морнарица заплени 70 тони компонента за ракетно гориво

Од:

Американската морнарица денеска соопшти дека запленила 70 тони амониум перхлорат, кој може да се користи за производство на ракетно гориво. Тој бил скриен во вреќи со ѓубриво на брод кој патувал од Иран за Јемен, што е прв ваков случај по истекот на примирјето во војната што избувна во Јемен пред повеќе години.

Американската морнарица соопшти дека откриеното количество на амониум перхлорат може да се искористи за повеќе од десет балистички ракети со среден дострел – истото оружје што бунтовниците Хути во Јемен поддржани од Иран го користат против сојузниците на меѓународно признатата влада на земјата и коалицијата предводена од Саудиска Арабија што ги поддржува.

Овој наводен обид за повторно вооружување дојде откако Иран упати закани до Саудиска Арабија, САД и други земји поради тековните протести кои повикуваат на соборување на теократијата во Исламската Република. Техеран ги обвинува странските сили за поттикнување на протестите, во кои загинаа најмалку 344 луѓе. За време на засилената репресија уапсени се 15.820 лица.

– Овие типови на пратки, а особено огромниот обем на експлозиви, предизвикуваат сериозна загриженост бидејќи создаваат нестабилност, рече Тимоти Хокинс, портпарол на Петтата флота на американската морнарица со седиште во Блискиот Исток. – Нелегалниот шверц на оружје од Иран во Јемен води до нестабилност и насилство, додаде тој.

Ембаргото за оружје на ОН значи забрана за снабдувањето со оружје на Хутите од 2014 година. Сепак, Иран долго време им доставува пушки, гранати, ракети и друго оружје на Хутите по воден пат.. Иако Иран негира дека ги вооружува Хутите, независни експерти, западните земји и експертите на ОН следат компоненти запленети во странство на запленетите бродови и стигнуваат до Иран.

Шестмесечниот прекин на огнот во војната во Јемен е најдолгото примирје во тамошниот конфликт. Примирјето истече во октомври и покрај дипломатските напори за негово обновување. Ова доведе до стравувања дека борбите би можеле повторно да ескалираат. За време на борбите во Јемен загинаа повеќе од 150.000 луѓе, од кои над 14.500 цивили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он