Денеска во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“, составена од графички дела на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути. Младите автори од Тетово, воспитаници на тетовскиот Факултет за уметности, за прв пат се претставуваат пред софиската публика и во КИЦ на РСМ.
Берат Беќири е роден на 02.12.1992. Завршил средно гимназиско образование во Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово 2011 година. Продолжил со студиите во Тетовскиот Универзитет, на Факултетот за уметности, насока – „Графика“, во класата на Хајруш Исени, каде и дипломирал во 2017 година. Во 2018 година ги започнал своите магистерски студии во класата на проф. Нафи Јашари, насока „Графика“, каде што и магистрирал во 2021 година.
Самостојни изложби имал во Тетово и Истанбул. Учествувал на повеќе групни изложби во градовите Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје, Куманово.
Астрит Реџепи е роден на 24.08.1991 во Тетово. Завршил средно гимназиско образование во Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Продолжил со студиите во Тетовскиот Универзитет, на Факултетот за уметности, насока – „Графика“, во класата на проф. Нафи Јашари.
Самостојни изложби имал во Тетово и Истанбул. Учествувал на повеќе групни изложби во градовите: Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје, Куманово.
Улбер Даути е роден на 20.08.1989 во Тетово. Завршил средно гимназиско образование во Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Продолжил со студиите во Тетовскиот Универзитет, на Факултетот за уметности, насока – „Графика“, во класата на Хајруш Исени.
Самостојни изложби имал во Тетово и Истанбул. Учествувал на повеќе групни изложби во градовите: Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје, Куманово.