ВИДЕО: Уапсен насилникот кој нападна снимател на ТВ 24

Од:

Денеска полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода 67-годишниот М.П. од Скопје, постапувајќи по пријава од 42-годишниот Љ.И. од Скопје, снимател во ТВ 24, дека денеска околу 14.20 часот на улица Пржино во Скопје бил физички нападнат од М.П., извести МВР.

– Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од ЕНК при СВР Скопје преземени се мерки и активности и напаѓачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а по извршената консултација и добиените насоки од јавен обвинител, против М.П: ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „Насилство“ по чл. 386 од КЗ, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он