Египет ја прогласи „Ал џазира“ за национална закана

Од:

Привремените власти на Египет оценија дека локалниот сервис на „Ал џазира“ е национална закана за земјата, навестувајќи дека катарската телевизија може многу скоро да биде забранета.

Официјалната новинска агенција МЕНА објави дека тројца министри, по денешните разговори, оцениле дека каналот „Ал џазира“ оперира илегално и оти користи сателитски предаватели без соодветна лиценца. Министрите, исто така, оцениле дека „станицата емитува гласини и тврдења што се штетни за националната безбедност на Египет и кои се закана за единството на земјата“.

Меѓународниот телевизиски канал со седиште во Катар е една од ретките телевизии во Египет што објавува снимки од опозициски протести и изјави на поранешни функционери од Муслиманското братство на поранешниот претседател Мохамед Морси, кој беше симнат од власт со воениот удар на 3 јули годинава.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски