Рускиот претседател Владимир Путин ја одликува сопругата на чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров.
Медни Кадирова сега ја носи титулата мајка херојка.
Во документот се наведува дека титулата е доделена „за големи заслуги во зајакнувањето на институцијата семејство и воспитувањето на децата“.
Претходно, лидерот на Чеченија изјави дека има 14 деца, пренесе „Блиц.рс“.