ВМРО-ДПМНЕ: Македонија според Индексот на мизерија е меѓу првите држави во Европа

Од:

Македонија е втора (трета ако се вклучи Турција) на врвот на листата во Европа според Индексот на мизерија. Овој индекс којшто е комбинација на годишната стапка на инфлација и стапката на невработеност бил создаден од американскиот економист Артур Окун, а бил посебно популарен во 70-те години од минатиот век со појавата на стагфација, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес, Индексот на мизерија повторно е во интерес низ светот како што расте инфлацијата, а невработеноста останува релативно висока. Преку индексот на мизерија може се утврди економското страдање на една земја од инфлацијата и невработеноста, зошто поголемата невработеност води до помал доход во целина, а повисоката инфлација води до повисоки трошоци за живот.

Кога државите имаат високи стапки на невработеност и висока инфлација, луѓето немаат доволно доход ниту за набавка на основните работи. Таков е случајот со македонските граѓани. Високата инфлација е присутна и во балтичките земји, но истите имаат ниски стапки на навработеност, што ги прави помалку економски и социјално ранливи отколку Македонија.

Кај нас, економска беда и социјално страдање на македонските граѓани од високата инфлација и високата стапка на невработеност е меѓу највисоките во Европа. Оваа политичка структура ја разгоре инфлацијата до нивоа какви што не сме имале од 1995 година наваму, а стапката на невработеност и понатаму е една од највисоките во Европа, а Владата не спроведува политики за нејзино намалување. Затоа расте и сиромаштијата. Доста е од најнеуспешната Влада во македонската независна историја!“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите