СДСМ: Левица и Апасиев се реална закана за европската иднина, Мицкоски е само нивен заложник

Од:

Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ и претставуваат реална закана за европската иднина на државата. Нивната политика нема да ја направи земјата посилна туку послаба ако запре на патот кон ЕУ, се вели во партиската реакција од СДСМ.

„Ќе запре помошта од ЕУ, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, младите ќе побегнат во други европски земји. Повторно ќе се доведува под прашање македонскиот идентитет.

Левица се посилни затоа што Мицкоски станува се послаб. Христијан Мицкоски, како слаб политичар без визија и став, деновиве самиот потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на делата на Ванчо Михајлов.

Како поминува времето Левица и Апасиев ќе го земат Мицкоски како нивен заложник. СДСМ и демократските сили нема да дозволат кој било да ја загрози европската иднина на државата и на граѓаните“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он