Властите во Херсон воведоа полициски час

Од:

Властите во градот Херсон воведоа полициски час за безбедност на жителите, соопшти во видео порака началникот на регионалната воена управа Јарослав Јанушевиќ.

„Нашата задача е да ја обезбедиме безбедноста на вашиот живот. Затоа, принудени сме да воведеме полициски час од 17 до 8 часот. Соодветната наредба беше потпишана од шефот на воената управа на градот Херсон“, рече тој.

Јанушевиќ предупреди и дека излегувањето и влезот во градот ќе биде ограничено поради деминирање.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската армија воспоставила контрола врз повеќе од 60 населени места во регионот Херсон и дека се спроведуваат „стабилизациони мерки“ во градот.

Тој додаде дека руската војска ја уништила целата критична инфраструктура во Херсон пред да побегне, вклучувајќи ги и комуникациите, снабдувањето со вода, греењето и електричната енергија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск