Двајца вработени во сириската хуманитарна организација„ Црвен полумесец“, како и непознат број цивили убиени се во градот Хомс во централна Сирија, соопшти денес организацијата.
Хуманитарните работници кои работеле во органокот на „Црвениот полумесец“ во Хомс, се убиени вчера пред просториите на својата организација, пренесе „Франс прес“.
-Во нападот загинаа и цивили, меѓу кои и деца, соопшти организацијата со седиште во Женева.
По најновиот инцидент, бројот на загинати хуманитарци од сирискиот „Црвен полумесец“ , кои се убиени од почеток на конфликтот во март 2011 година, порасна на 22, наведе „Франс прес“.
Елена Георгиевска