Стојаноски: Мнозинството ги одби нашите предлози за помош на граѓаните

Од:

После десеттина денови молк, пратениците на СДСМ и ДУИ во текот на вчерашниот ден се одважија и без срам ги одбија предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ за помош на граѓаните, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Образложи дека со нивните предлог мерки се предвидувала финансиска поддршка од 3.000 денари месечно до крајот на април за самохраните родители, средношколците, пензионерите, невработените лица кои се активни баратели на работа, сите деца без родители и родителска грижа и сите корисници на гарантирана минимална помош.

„Пакетот што го достави Владата до Собранието не е над 300 милиони евра, туку помалку од 20 милиони евра, а голем број на граѓани се заборавени. Во услови на галопирачка инфлација од 20%, кога храната е поскапена за над 30%, буџет од 5,3 милијарди евра за идната година, сметаме дека е навреда пратениците од власта да не соберат храброст барем на лицата со телесни оштетувања да им се зголеми поддршката од 750 на 1500 денари“, рече Стојаноски.

Според него, пратениците на ДУИ и СДСМ не се народни претставници, туку се слепи послушници на Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите