(ВИДЕО) Прва репортажа од ослободениот Херсон: „Луѓето се во еуфорија“

Од:

Дописникот на Sky News, Алекс Роси е еден од првите странски новинари кои влегоа во ослободениот Херсон. Украинските сили вчера по речиси девет месеци окупација влегоа во главниот град на Херсонската област, а граѓаните ги пречекаа со ентузијазам, веејќи украински знамиња.

Роси и неговата камера влегоа во центарот на Херсон, каде граѓаните ги пречекаа украинските војници, ги прегрнаа и вееја украински знамиња. Дописникот на Sky News ги опиша граѓаните на ослободениот Херсон како „многу емотивни и еуфорични“, додавајќи дека тие извикуваат: „Слава на Украина!“

“Но, тие се собираат од друга причина. Имено, до сега имаше целосна информативна блокада во Херсон, а армијата тука поставува точка за пристап до Интернет за луѓето да можат да контактираат со своите најблиски. За прв пат по девет месеци, луѓето можат да им кажат на своите најблиски дека се добро“, објави Роси.

„Многумина мислеа дека овој момент никогаш нема да дојде. Луѓето ни кажуваат дека Русите едноставно исчезнале преку ноќ. Тие исчезнале и го напуштиле градот“, известува дописникот на Sky News кој раскажува разговори со воодушевените жители на Херсон.

Еден граѓанин на Керсон му рекол:

„Мора да имаш за што да живееш. Ова е моментот за кој живеевме. Ослободувањето не е нешто што се случува секоја година. Тоа е нешто што се случува еднаш во пет генерации. Овој момент ќе остане со нас засекогаш.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ