Анкета во Бугарија покажува дека нема разлика во ставовите на гласачите

Од:

Анкета на „Галуп интернешнел Балкан“ покажа дека доколку сега има предвремени парламентарни избори во Бугарија, нема да има значителна разлика со резултатите од изминатите избори на 2 октомври, јави дописникот на МИА од Софија.

Според анкетата, ГЕРБ би добила 25,5 отсто од гласовите, „Продолжуваме со промените“ – 20,8 отсто, Движењето за права и слободи – 13,1 отсто, „Преродба“ – 10,5 отсто, БСП – 9,4 отсто, „Демократска Бугарија“ – 8 отсто. „Бугарски подем“ на Стефан Јанев е околу влезната бариера со 4,5 проценти, а под него останува „Има таков народ“ на Слави Трифонов со 3,1 отсто. „Исправи се, Бугарија“ и ВМРО се со 1,3 и 0,9 проценти.

Според истражувањата, се гледа дека нема посебни промени во бугарското јавно мислење и во месецот по изборите не се случиле посебни поместувања на силите, забележуваат социолозите од агенцијата.

Истражувањето било спроведено „лице в лице“ со таблети во периодот од 29 октомври до 6 ноември меѓу 809 полнолетни бугарски државјани.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов доби најголем број гласови од бугарските граѓани што гласаа во Македонија

Горан Наумовски

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени