Нападот на Сирија значи крај на НАТО

Од:

Приказната на еден бугарски политичар, близок на одредени западни структури кој ги предупредува своите познаници да бидат внимателни во преземање на мерки против Сирија, ја прераскажува повторно во својата сторија Душан Пророковиќ.

Во средината на седумдесетите години, по наговор од советските колеги, бугарската разузнавачка служба испратила свој оперативец кај познатата претскажувачка, Баба Ванѓа.

Едно од прашањата на кое видовитата баба требало да одговори било „Кога ќе пропадне Америка“. Одговорот гласел „Кога ќе ја нападне Сирија“.

Со влошување на состојбата во Сирија, оние кои што беа запознаени со оваа случка се сетија на зборовите на Баба Ванѓа. Можеби оваа старица и не погрешила во своите претскажувања. Нападот на Сирија веројатно нема да биде крај на Америка, но лесно може да се случи да биде почеток на крајот на НАТО, при што НАТО нема да биде поразен од некоја голема и моќна воена коалиција, вели Пророковиќ.

nato

Му се предвидува распад од внатре, поради големите судири на државите-членки, на алијансата. Не е во се ова значењето на Сирија толку големо, поради неа да се судри целиот свет. Меѓутоа развојот случки во системот на меѓународните односи во претходните две децении и неговата трансформација од еднополарен кон мултиполарен, геополитичкото поставување на играчите на глобалната сцена и случувањата на Блискиот исток во последните десет години, влијаеа на тоа денес по прашањето за Сирија да се судрат голем број клучни прашања од стратешки карактер.

Од тука произлегува и колебањето на англо-американското крило на НАТО, да влезе во отворена акција против претседателот на Сирија, Башар Ал Асад, иако тоа беше планирано уште во пролетта 2012 година.

И цврстите ставови на Русија и Кина, кои што не се отсликуваат само по случките од Секретаријатот за безбедност на ОН или од заседанијата на Г-20, туку се гледаат и според просторот кој за ова прашање го посветуваат руските медиуми и какви пораки се испраќаат преку нив.

Воздржан е ставот и на Германија, која што со уште некои помали членки на ЕУ, би можела да ја одигра клучната улога во конечното свртување плеќи на НАТО, кое ќе започне токму со прашањето за Сирија.

Кои се причини би можеле да имаа влијание врз констатацијата дека нападот врз Сирија, може да го најави распадот на НАТО алијансата, стои во текстот на сајтот „Дејан Лучиќ“.

sirija-izrael49-

1. Нападот на Сирија е доказ дека НАТО нема да се сопре со уривање на власта на претседателот Асад. Конечна цел им е Иран, поради што САД, преку НАТО ќе се насочи кон Техеран. На крајот со усвојување на стратешкиот документ „НАТО 2020“, тоа всушност е и најавено. Наивно беше верувањето на Русија и Кина дека со отповикувањето на Гадафи ќе се смират страстите на САД. Вашингтон не се задоволи со Либија, всушност, Вашингтон клучната улога за Либија им ја препушти на Велика Британија и Франција, дозволувајќи им така да го решат прашањето за сопствена енергетска безбедност, а истовремено ги врза цврсто за себе.

Со окупација на Иран, САД ќе има контрола на вторите најголеми гасни пронаоѓалишта на светот, што ќе им послужи како извор за полнење на гасоводот „Набуко“, со што во голема мерка ќе го контролираат европскиот енергетски пазар. Преку иранскиот гас САД, континентална Европа ќе ја направи уште позависна од она што е денес и ќе го урне сонот за создавање некаква пан-европска наддржавна сила со сопствени безбедносни сили и клучно влијание во светот.

Со ова Германија долгорочно се ограничува во статусот на економска суперсила и политичко џуџе, место кое што и е проектирано во атлантско геополитичките рамки уште во 1950 години. Без сомнение Германија ќе биде најголемиот губитник во играта.

Поради сево ова уште Шредеровата влада го охрабри процесот на приближување кон Русија, што се манифестира со изградба на „Северниот тек“ и стратешкото поврзување на Берлин и Москва.

Нападот на Сирија како увертира на идните интервенции против Иран, за Германија е почеток на крајот на нејзиниот обид преку ЕУ да се врати на глобалната сцена. Гледано од овој агол, не се поставува прашањето кога Германија ќе излезе од НАТО, туку кого уште ќе го поведе со себе.

sirija-reporteri

2. Навлегувањето на Америка од Сирија кон Иран, од Медитеранот кон јужнокаспискиот регион значи и голем неспокој за Русија. Опколувањето на „Русија исто така е најавено со стратешкиот документ „НАТО 2020“.

Кога САД ќе ги инсталираат своите воени и разузнавачки капацитети во јужнокаспискиот појас, ќе добијат одлична логистичка база за предизвикување и насочување на низа бунтови во Дагестан, Чеченија, Ингушетиј…

Сирија претставува последна зона за одбрана на геополитичката положба на Русија и поради тоа Москва мора да ги користи сите расположиви средства за да го одржи своето влијание врз Сирија.

3. Како што НАТО, агресијата врз СР Југославија беше патоказ дека сите останати држави можат да опстанат само доколку поседуваат ефикасен систем за противавионска заштита или оружје за масовно уништување, така и случувањата во Сирија се патоказ за тоа како во иднина треба да се однесува на внатрешен план.

Бомбардирањето на Југославија беше знак за Иран, Северна Кореја, Пакистан и Индија да забрзаат со развој на сопствените нуклеарни програми, додека граѓанската војна во Сирија е јасен знак за цела низа лидери и режими до разни делови на светот, како да се однесуваат.

Поради тоа може да се каже дека нападот на Сирија претставува крај на демократијата. Опаѓањето на влијанието на Запад во низа региони, допринесе за се потешко остварување на разни безбедносни, политички и економски цели на западните држави во разни делови на светот, што во крајна линија ќе значи дека преку членство во НАТО, се потешко ќе може да се остварат сопствените безбедносни, политички и економски интереси.

izrael-sirija-april013

4. На крај може да се заклучи дека нападот на Сирија, долгорочно ќе ја загрози цела Европа. Со освојување на преостанатите муслимански држави во Евроазија, кои се уште не се под воена политичка или економска контрола на САД, Вашингтон, всушност ќе има влијание над целокупниот мухамедански простор, кој што се простира од Пакистан на исток до источно-медитеранското крајбрежје на запад.

Јакнењето на американското присуство во овој регион ќе значи и потполна контрола над природните ресурси, што ќе води кон тоа истите во мала мерка да се користат за локалниот економски развој, поради што тоа ќе биде претставено како една од причините за претстојната економска стагнација.

Пророковиќ во својот текст пишува дека сегашниот план на САД, за Блискиот исток очигледно е свртен кон будење на национализмот, кај разни етнички групи кои живеат на овој простор. Она што беше карактеристично за европската историја во 19-от век, сега би требало да се случи меѓу муслиманските народи во Евроазија. Понатамошна фрагментација на просторот и создавање низа меѓусебно завојувани зависни држави, кои ќе биде лесно да се контролираат од надвор.

264534_sirija-damask-ap_f

Сепак досегашните искуства не учат дека по периодот на дезинтеграција, секогаш доаѓа период на интеграција. Долгорочно гледано по американскиот план за „атомизација“ на Блискиот исток, ќе дојде до постепено интегрирање и обединување. Со пренасочување на антизападното кон антиевропско расположение и давање помош на муслиманските народи за миграција кон запад, САД можат да добијат нов партнер кој ќе им помогне да ја задржат доминантната позиција на глобално ниво.

Во крајна линија гледано од аголот на САД, многу подобро е муслиманскиот апетит да се задоволува во јужна, југоисточна и средна Европа, отколку во Америка.

Можеби делува парадоксално, но понатамношното учество на европските држави во американските блискоисточни и средноазијски акции во долг рок стратешки го загрозува опстанокот на истите држави.

Поради наведеното, прашањето за опстанок на НАТО по нападот на Сирија се наметнува само по себе. Секако падот на северно-атлантската алијанса нема да се случи преку ноќ, туку ќе потрае, и ќе има свои развојни фази и постепено ќе се развива. Без оглед како процесот ќе се одвива, уште сега може да се предвиди дека цената за останување во НАТО за голем број европски држави ќе биде многу поголема отколку излезот од оваа организација.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија