Во тешка сообраќајка загина охриѓанец, повредени се пет лица

Од:

Денеска околу 16.40 часот на магистрален пат Охрид-Кичево се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа рио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Р.А. од Охрид, патничко возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Ш.П. од Струга и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Г.Р. од Охрид, извести МВР.

На местото на несреќата загинал возачот Р.А., а повредени се пет лица, кои се пренесени во болницата „Св. Еразмо’ и во охридската Општа болница. Увид извршија полициски екипи.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва