(ВИДЕО) Кадиров ги повика муслиманите да се борат: Сонувам да умреме јас и моите деца во оваа војна

Од:

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ги повика сите муслимани и христијани да се здружат во, како што рече, „светата војна“ против Украина, и на крајот ја изрази својата желба за смрт на себе и на неговите деца.

„Ги повикувам сите муслимани, сите белци во Чеченија, ајде да направиме баталјони заедно. Ќе ве снабдувам, ќе ве облечам, ќе ве вооружам… Мора да се борите, да ги браните интересите на нашиот сакан пророк, Куранот, државата, суверенитет“, вели Кадиров во видеото во кое се снима додека лежи на каучот.

Чеченскиот лидер  додава дека секој татко и мајка треба да ги праќаат своите синови во војна за да ги бранат интересите на муслиманите и христијаните.

„Разбудете се, бидете муслимани, мажи.  Ова е света војна. Сонувам да умрам во неа, моите деца да загинат во оваа војна. Алаху Акбар, моќта на победата е со нас“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски