Сопственичката компанија на Њукасл јунајтед, уфрлила дополнителни 70.4 милиони фунти во клубот во инвестиција за „инфраструктурата и дневните операции“, со што од преземањето на клубот вкупно инвестирале повеќе од 450 милини фунти.
Конзорциумот предводен од саудискиот државен ПИФ фонд, заедносо „ПЦП капитал партнерс“ на Аманда Стевели го купија Њукасл за 300 милиони фунти во октомври 2021 од непопуларниот дотогашен газда Мајк Ешли. Една година по преземањето, Њукасл под водство на Еди Хау се на третото место во Премиерлигата со 7 победи во првите 14 мечеви.
Њукасл потрошија над 130 милиони фунти во текот на летото на засилувања, плаќајќи 61 милиони фунти за Александер Исак и33 милиони фунти за Свен Ботман.
Извор: Топспорт