Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека неговата земја ќе победи при евентуалниот воен судир со САД и нивните сојузници.
– Од почетокот на кризата, познато ви е, го чекеме моментот да се покаже кој е нашиот вистински непријател… Во прашање е историски судир, од кој ние ќе излеземе како победници – им рекол Асад на функционерите, според либанскиот весник „Ел Ахбар“.
Претседателот им порачал на соработниците оти „знае оти се спремни да се спротивстават на секој напад и да ја одбранат татковината“.