Воен аналитичар: Ако Украинците тргнаа во напад на Херсон, се истрчаа малку

Од:

Воениот аналитичар Марио Галиќ ја коментираше ситуацијата во Украина на телевизијата N1. Сè повеќе се споменува офанзивата во Херсон и тој објасни зошто овој град е толку важен за Украинците.

„Не можеме да знаеме дали офанзивата во Херсон веќе започна. Ако е, тогаш Украинците се истрчаа малку. Херсон како град и цел не е стратешки важен, нема стратешко значење. Неговата важност е чисто политичка. Кога ќе го ослободат, тоа ќе биде огромна политичка победа. Потоа ќе се насукаат на десниот брег на Днепар, не можат да го поминат без големи жртви“, објаснува Галиќ.

„Не знаеме колку цврсто Русите ќе го бранат Херсон“, вели тој.

Галиќ ги коментираше и изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Русите нема лесно да го предадат овој град. „Вучиќ пред некој ден рече дека тоа ќе биде украински Сталинград, дека Русите ќе го бранат до последен човек. Тој има многу добри односи со Русите, можеби знае повеќе од нас“, вели Галиќ.

„Ова стана војна на дронови“

Говорејќи за снимката од наводниот напад со беспилотно летало врз руски војник во ровот кај Херсон, Галиќ вели дека секој ден можат да се најдат такви видеа на Интернет.

„Тоа се гранати помали од рачните, немаат ефект, само психолошки. Во многу малку случаи тие се убиствени, тие се психолошко оружје за тероризирање на руските војници. Многу е чудно што на тоа видео гледаме само еден војник во целиот ров, обично има десетици од нив во ровови.

Постои можност другите руски војници едноставно да побегнале по почетокот на нападот. Друга можност е да е лажирана, но ако е така, тогаш тој актер навистина има нерви и е многу храбар. Гледаме гранати како паѓаат околу него… Оригиналното видео дојде од украинска страна, би рекол дека е автентично“, вели Галиќ.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ