Радев ќе оствари политички консултации со претставници на партијата „Препород“

Од:

Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ги продолжува консултациите со партиите застапени во новиот состав на 48. Народно собрание. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев денеска ќе разговара со претставниците на пратеничката група на партијата „Препород“.

Средбата е во рамките на политичките консултации кои бугарскиот претседател, согласно Уставот, ги остварува со парламентарните сили во новото Народно собрание, пред да го врачи првиот мандат за формирање влада.

Радев веќе разговараше со претставниците на ГЕРБ – СДС, „Промените продолжуваат“ и Движењето за права и слободи.

Ставот на бугарски претседател е дека е важно политичките партии да ја сфатат потребата од конструктивен дијалог, компромиси и поставување јасни заеднички цели за доброто на иднината на Бугарија.

Циклусот „избори по избори“ не е најдоброто решение, па предавањето на првиот мандат ќе зависи и од текот на консултациите, коментираше Радев при посетата на Египет, каде учествуваше на меѓународна средба за храната.

Иако ги следи роковите во бугарскиот Устав, Радев изрази надеж дека партиите ќе го ценат дополнителното време дадено за конструктивен дијалог меѓу нив. Тој изрази надеж дека дијалогот ќе се врати и ќе има конструктивност во разговорите и преговорите меѓу партиите од 48-то Народно собрание.

Радев нагласи дека преговорите за формирање на нова бугарска Влада се меѓу партиите, а не меѓу претседателот и партиите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски