Најмалку 14 лица загинаа во напад врз камионски конвој на проиранската милиција во источна Сирија, недалеку од границата со Ирак, објави Сириската опсерваторија за човекови права (ОСДХ).Не е познато кој е одговорен за нападот што се случи синоќа во областа Букамал.
Сириската невладина организација соопшти дека цел на нападот биле камиони со оружје и цистерни со гориво.
Ирачката гранична служба соопшти дека цистерните со гориво биле од Иран, дека транзитирале во Ирак, а крајна дестинација им била Либан.
Извор: МИА