Поранешниот шпански крал Хуан Карлос побара од Апелациониот суд во Лондон да блокира дел од обвиненијата за вознемирување што против него ги покрена неговата поранешна љубовница, тврдејќи дека нејзините наводи против него и шпанските разузнавачки служби се заштитени со државниот имунитет.
Поранешниот шпански крал тврди дека секое наводно вознемирување пред неговата абдиција во 2014 година е заштитено со имунитет.
Хуан Карлос (84) се соочува со тужба поднесена од Корин Витгенштајн-Зејн, која тврди дека водел кампања на вознемирување против неа која започнала во 2012 година и се уште трае, јави Танјуг.
Таа ја обвини шпанската разузнавачка служба дека ја координирала тајната операција која го пребарала нејзиниот стан во Монако во 2012 година.
Понискиот суд го отфрли спорот за имунитет на Хуан Карлос.
Во март, шпанските обвинители суспендираа две истраги поврзани со наводната измама на поранешниот шпански крал со деловни договори поради недостиг на докази, а швајцарското обвинителство претходно го стори истото.
Хуан Карлос абдицира во 2014 година по серија скандали, вклучувајќи ја и неговата врска со Витгенштајн-Сајн.