Бесими во посета на Литванија

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими ќе престојува во официјална посета на Република Литванија.

За време на посетата тој ќе се сретне со министерот за надворешни работи Линас Линкевичиус, заменик претседателот на Парламентот, Витаутас Гапшис и со претседавачите на парламентарните комисии за европски прашања, надворешни работи и Групата за интерпарламентрана соработка со Западен Балкан, како и со претставници на Европскиот институт за родова еднаквост.

На средбите, вицепремиерот Бесими ќе ги презентира активностите што се преземаат во Република Македонија во однос на процесот на европската интеграција и статусот на реализација на обврските кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво.

Би можело да ве интересира

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он