Најмалку 20 лица, меѓу кои и шефот на Дирекцијата за цивилна одбрана на Ирак, се повредени откако денеска се запали комерцијална зграда во Багдад.
По избувнувањето на пожарот, зградата се урнала.
Ирачката новинска агенција соопшти дека директорот за цивилна одбрана Кадим Бохан, заедно со неколку пожарникари, биле на местото на несреќата кога зградата се урнала, пренесе АП.
Причината за пожарот засега е непозната.