(ВИДЕО) Голем протест во Рим: Поддршка за Украина, но да прекине испраќањето оружје

Од:

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Рим повикувајќи на мир во Украина и барајќи од владата да ја прекине испораката на оружје во земјата која се бори против руската инвазија.

Италија, една од земјите основачи на НАТО, и помага на Украина од почетокот на конфликтот на крајот на февруари, најмногу со испраќање оружје. Новиот екстремно десничарски премиер Џорџија Мелони рече дека тоа нема да се промени и дека владата планира наскоро да испрати повеќе воена опрема.

Но, некои, вклучително и поранешниот премиер Џузепе Конте, мислат дека Италија треба да се сврти кон преговори.

„Привично оружјето беше испратено за да нема ескалција. По девет месеци, се чини дека има ескалација. Погледнете ги фактите: испраќањето оружје не помогна да се стави крај на војната, туку ја охрабри“ – велат дела од присутните на маршот.

Во петокот, министрите за надворешни работи на Г7, вклучително и Италија, ветија дека ќе продолжат да и помагаат на Украина во војната со Русија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето