Премиерот на Косово, Албин Курти, на Фејсбук, на албански и на српски јазик, објави порака во врска со пререгистрацијата на возилата и одлуката за напуштање на институциите, што денеска ја донесоа претставниците на Србите на северот на Косово. .
Тој вели дека во ноември почнале да се опоменуваат оние кои немаат таблички РКС, а од 21 ноември ќе почнат и казните.
Курти ги повика сите граѓани од српска националност да останат смирени и да ја зачуваат безбедноста и мирот.
„Не сум премиер кој е против вас, туку Белград е против мене. Јас сум премиерот кој ќе ви биде на услуга со почитување на уставноста и законитоста“, порача Курти.
Курти ги повика Србите да не ги бојкотираат и да ги напуштат косовските институции. „Ни служат на сите нас, на сите вас. Не бидете жртва на политички манипулации и геополитички игри. Ајде сите заедно да се придржуваме до демократските и европските вредности на владеење на правото, правата и слободите на поединците и малцинствата заедници, како и политички плурализам“, напиша Курти.