Шефот на кабинетот на Претседателството во Приштина, Блерим Веља, изјави дека „одлуката на Србите да ги напуштат косовските институции наликува на чинот на поттикнување на Русија во Донбас во 2014 година“, обвинувајќи го Белград за злоупотреба на Српската листа за дестабилизација.
Веља во реакција на социјалните мрежи го обвини Белград дека ги охрабрува Србите од северот да ги напуштат институциите.
„Србија ги тера и ги охрабрува косовските Срби да ја напуштат својата работа во косовските институции. Овој чин потсетува на руското поттикнување во Донбас во 2014 година. Тоа исто така покажува дека режимот на Вучиќ ја третира Српската листа како алатка за дестабилизација на Косово“, напиша Веља.
Ова е прва реакција на некој од приштинските функционери на одлуката на Србите.