Србите ги напуштаат косовските институции

Од:

Политичките и институционалните претставници на косовските Срби одлучија да ги напуштат сите косовски институции „до повлекување на одлуката на Приштина за пререгистрација и формирање на Заедница на српските општини“.

Претставниците на Србите на Косово одржаа средба која како што јавуваат медиумите од Србија траела половина час и ги соопштија одлуките.

На средбата присуствуваа и лидерите на Српската листа и на сите четири општини од северот – Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ.

Србите го напуштаат собранието, владата и сите институции, вклучително и учеството во полицијата и судството беше соопштено по состанокот.

Претседателот на Српската листа и министер во Владата на Косово Горан Ракиќ поднесе оставка од функцијата министер за заедници и враќање.

Игор Симиќ соопшти дека поднесува неотповиклива оставка како пратеник во косовското Собрание.

Српските медиуми објавија дека Србите кои се дел од косовската полиција ги соблекле униформите.

Одлуките остануваат во сила се додека Приштина не ги повлече едностраните одлуки за регистарските таблички.

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово