Франција прв предизвик за македонските ракометарки на ЕП

Од:

Женската ракоемтна репрезентација на Македонија, вечерва ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство. Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора го организира континеталното првенство.

Ждрепката за ЕУРО 2022 не им беше наклонета на избраничките на селекторот Љубомир Савевски. На домашен терен, пласман во следната рунда ќе се обидат да изборат во конкуренција на Франција, Холандија и Романија.

Македонските ракометарки по пауза од 10 години повторно се на завршницата на едно континентално првенство. На страртот не можеа да добијат потежок противник. Франција е актуелен вице-првак и секако еден од најголемите фаворити за титулата.

Натпреварот во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, ќе започне во 18 часот. За два дена Македонија ќе игра против Холандија, а на 9.номеври против Романија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ракометарите одат на Светско: Епски пресврт во баражот со Фарски Острови

Катерина Ѓуровски

Голем предизивик за ракометарите, Фарски Острови противник во баражот на Светското првнество

Катерина Ѓуровски

Лазаров: Сега знам кого треба во иднина да повикувам во репрезентацијата

Македонија се врати од негатива и триумфираше над Турција за крај на евроквалификациите

Катерина Ѓуровски

Ракометарите преку Луксембург кон Европското првенство

Катерина Ѓуровски

Мароканците „лесен залак“ за Македонија

Катерина Ѓуровски