Ердоган: Турција ќе испрати жито и ѓубрива во земјите на кои им се потребни

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска повика на претстојниот самит на Г-20 во Индонезија да се преземат цврсти чекори за испраќање жито и вештачко ѓубриво во неразвиените земји. Воедно, тој информираше дека Турција и Русија постигнале консензус за подобра употреба на коридорот за жито во Црното Море, особено за оние земји во Африка на кои им е најнеопходна помош.

Говорејќи на меѓународниот саем организиран од Независните здруженија на индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) ЕКСПО во Истанбул, Ердоган рече дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил бесплатно да испраќа жито во земјите на кои им е потребна.

– За време на нашиот разговор со господинот Путин, тој рече: „Да испратиме жито бесплатно во земји како Џибути, Сомалија и Судан“. Во однос на тоа бевме на иста страна. Ќе обезбедиме бродовите со жито да стигнат до секоја земја која има потреба, почнувајќи од Сомалија, Џибути и Судан, кои се борат со тешка криза со храна и глад, рече турскиот претседател.

Тој рече дека не го прифаќа менталитетот што ја дефинира Европа како „градина“, а остатокот од светот како „дивина“.

– Не очекуваме оние кои спроведуваат колонијализам користејќи нови начини и методи да заземат совесен однос кон кризите, рече Ердоган, пренесува Анадолија.

На 22 јули во Истанбул Турција, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор за обновување на извозот на жито од Црното Море, кој беше суспендиран по почетокот на руско-украинската војна во февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ