Од полноќ нова цена на ЕУРОСУПЕР БС-95

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека донела Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 3.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,028 %, кај дизелот намалување за 0,871 %, кај екстра лесното масло намалување за 0,611% и кај мазутот намалувањето е за 0,147%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,250%.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Мазутот М-1 НС и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Од полноќ нови цени на горивата