Маж и жена од Велес осомничени за продажба на хероин

Од:

Основното јавно обвинителство Велес извести дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 39 и 36 години, бидејќи постои соновано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничените маж и жена, кои живееле заеднички како вонбрачни партнери, во својот дом држеле наркотична дрога – 94,18 грама хероин во повеќе различни пакувања. При претресот на домот, осомничената преку прозорецот од куќата надвор исфрлила дел од наркотичната дрога, велат од Обвинителството.

– Полицијата во куќата пронашла и други предмети кои укажуваат на намерата за илегална продажба на дрога – една дигитална вага, пари, тетратка со записи за неплатени долгови од лица и платежни картички на име на различни лица.

Бидејќи постои опасност од повторување на кривичното дело, како и можност за бегство на осомничените, јавниот обвинител предложи да им биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена, се додава во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

Бајрами: Обвинителството регистрираше случаи на поткуп на гласачи и фотографирање на гласачки ливчиња

Горан Наумовски

Обвинителство: Денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

Горан Наумовски