Официјален Вашингтон побараа од Советот за безбедност на ОН утре да се одржи состанок за Северна Кореја.
Барањето за средба следува откако Пјонгјанг истрела повеќе проектили, вклучително и можна неуспешна интерконтинентална балистичка ракета, јавија светските агенции.
Барањето го поддржаа и други членки на Советот, Велика Британија, Франција, Албанија, Ирска и Норвешка.
Советот за безбедност на ОН долго време и забрануваше на Северна Кореја да врши нуклеарни проби и да лансира балистички ракети, а со текот на годините ги засили санкциите против Пјонгјанг во обид да го прекине финансирањето на тие програми.
Извор: МИА