Америка ја обвини Северна Кореја: Тајно испорачува гранати на Русија

Од:

САД имаат информации кои укажуваат дека Северна Кореја тајно и снабдува на Русија значителен број артилериски гранати, изјави вчера портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

Кирби истакна дека Северна Кореја се обидува да ги скрие пратките со тоа што ќе ги премести низ земјите на Блискиот Исток и Северна Африка.

– Нашите информации ни кажуваат дека Северна Кореја врши испораки во тајност и ние следиме дали некоја од пратките стигнала до целта. Не се работи за мал број гранати, но не веруваме дека тоа е количина што би влијаела на исходот на конфликтот во Украина – нагласи Кирби.

Според неговите зборови, Вашингтон ќе се консултира со ОН за прашања од одговорност во врска со испораките.

Северна Кореја минатиот месец изјави дека никогаш не испорачувала оружје или муниција на Русија и дека не планира да го стори тоа, додека САД беа предупредени да „молчат“ и да престанат да шират гласини кои имаат за цел да го нарушат имиџот на земјата.

Би можело да ве интересира

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ