Растенијата се виновни за респираторните проблеми

Од:

Кога се загрозени поради налет на високи температури, растенијата апсорбираат помалку загадување од воздухот, што ја зголемува шансата за респираторни проблеми кај луѓето.

Кога се загрозени поради налет на високи температури, растенијата апсорбираат помалку загадување од воздухот, што ја зголемува шансата за респираторни проблеми кај луѓето.

Додека голем дел од светот едвај го преживува бранот на жештини, новите истражувања укажуваат на изненадувачки виновник за здравствените проблеми кај луѓето – тоа се растенијата.

Резултатите од студијата објавени во стручни списанија од областа на атмосферската хемија и физика, велат дека во текот на топлотните бранови, растенијата имаат тенденција да апсорбираат помалку загадување од воздухот. Така се зголемува ризикот од појава на респираторни компликации кај луѓето, што во краен случај може да доведе и до смрт…

Стокхолмскиот институт за животна средина спроведе истражување на Универзитетот во Јорк во Велика Британија, кое ја испитува улогата на растенијата при намалувањето на загаденоста на воздухот апсорбирајќи го озонот.

Озонот ја штити Земјата од штетните вселенски зраци во атмосферата. Но, кога загадувањето потекнува од површината на Земјата, тогаш претставува основна компонента на смог и може да го иритира респираторниот систем кај луѓето.

Озонот на тлото настанува поради фотохемиска оксидација на јаглен-двооксидот, метанот и разни испраливи органски соединенија, кога ќе се најдат во присуство на азотни оксиди (кои обично настануваат од издувните гасови на возилата и индустриските гасови).

Во нормални услови, растенијата го апсорбираат озонот низ стомите, мали отвори во листовите, но во текот на топлотните бранови, растенијата имаат тенденција да ги затворат стомите, за да ја намалат загубата на водата. Колку е посува земјата, толку растенијата повеќе штедат вода, затворајќи ги стомите.

Кога ќе се случи тоа, се намалува апсорпцијата на озонот, што доведува до негово таложење во воздухот.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска