Колапс во „Пошта“: Одете си, не знам кога да дојдете по пратката, системот е паднат

Од:

Вработените во „Пошта на Северна Македонија“ утрово ги враќаат граѓаните што доаѓаат да подигнат пратки или да завршат друга обврска со објаснување дека им е паднат системот. Граѓаните се жалат дека утрово се начекале пред да им кажат дека системот е паднат и дека не може да завршат работа.

„’Пошта’ е колабирана, не ги дава услугите за кои постои. Ме шетаа од шалтер на шалтер. Никој не работи, се шуткаат вработените натаму-натаму. Се пожалив и влегов и кај контролорите. Ми ги покажаа мониторите на компјутерите, имаше известување дека системот не работи. И мене и на сите во редот ни кажаа – одете си, а кога прашавме кога да дојдеме, ни рекоа дека не знаат кога ќе проработи системот. Многумина од нас, како и јас, имавме покани токму за денес да дојдеме да си ги земеме пратките“, се жали скопјанец, кој утрово во осум часот дошол да си земе пратка, но се изначекал за да му објаснат дека системот е паднат и дека не може да работат.

На неработење на системот во „Пошта“ се пожалија и вработените, велат дека системот работи пет минути, па десет минути е паднат и дека е така со месеци

Пратката требало да ја земе од „Пошта 2“’ кај железничката станица, но бидејќи не завршил работа, си платил паркинг и заминал. По два часа, се вратил да провери дали системот почнал да работи.

„Во поштата веќе немаше живо пиле. Празни ходници, празни шалтери, ги немаше ниту нервозите на граѓани, кои беа пред два часа, сите си заминале. Системот пак не работеше и уште еднаш си платив паркинг и си заминав, без да ми објаснат кога ќе можам да си ја подигнам пратката“, вели скопјанецот за „А1он“.

За проблемите со системот, „Пошта“ утрово објави кусо известување на официјалната веб-страница дека прави надградба на системот.

„Поради одржување и надградување, а со цел подобрување на работењето, компјутерскиот систем во единиците на поштенската мрежа работеше со намалени капацитет и брзина, но во ниеден момент не станува збор за прекин во доставата на поштенските пратки. Продолжуваме посветено да работиме во интерес на нашите корисници. Ви благодариме на поддршката и разбирањето и искрено се надеваме дека во полн капацитет ќе ги користите услугите на АД ‘Пошта на Северна Македонија’“, стои во известувањето.

На неработење на системот во „Пошта“ се пожалија и вработените. Велат дека системот работи пет минути, па десет минути е паднат и дека е така со месеци.

Би можело да ве интересира

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

A1on

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

A1on