По десет часа распит ослободен приведениот за бомбите во училиштата

Од:

По десет часа распит полицијата утрово го ослободи 23-годишниот Никола Наумовски приведен вчера поради поврзаност со дојавите за бомбите во училиштата во Скопје. Од МВР велат дека направиле и претрес во неговиот дом.

„Со лицето е извршен службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Приведениот Никола Наумовски е член и активист на платформата „Конзерватива.мк“ кои синоќа на Фејсбук објавија дека тој не е поврзан со дојавите за бомби во училиштата.

„Неспособноста на МВР и властите резултираше кон приведување на невини лица! Одговорно тврдиме и демантираме дека нашиот член Никола има каква било поврзаност со овие настани“, објави „Конзерватива.мк“.

Вчера лажни дојави за бомби имаше во девет скопски училишта, а минатата недела три последователни дена исто така девет училишта добиваа мејлови на електронските адреси со дојави за бомби.

Би можело да ве интересира

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

(ВИДЕО) Серија закани за поставени бомби во авиони

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски