СДСМ: Целосен хаос во Скопје поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Заради неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои една година ништо не сработеа, главниот град е во целосен хаос, велат од партијата на власт.

„Продолжува колапсот на јавниот превоз, многу населби се со редуциран возен ред на автобуските линии поради милионски долгови кон приватните автобуски превозници. Заради политички и бизнис интереси на одредена група луѓе, главниот град се соочува со опасност од редовно снабдување со вода и одржување на водоводната мрежа. Како никогаш досега Скопје се дави во ѓурбре и нечистотија, не само што нема нови проекти, туку не се одржува ниту постојната инфраструктура“, се посочува во соопштението од СДСМ.

Според оваа партија, бројни важни проекти започнати од СДСМ и претходниот градоначалник Шилегов, се прекинати заради инает и хирови на актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

„Една година локална и градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на општините и Градот Скопје. Се што видоа граѓаните од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за оваа година е партизација, расипничко трошење на народните пари и секојдневни кавги за рацете во медот.
ВМРО-ДПМНЕ постојано докажува дека е партија која работи за бизнис и лични интереси на поединци, додека интересите на граѓаните им се на последно место“, стои во пишаната реакција од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он