Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.