Грвала: Вучиќ измислува закани за да предизвика конфликт

Од:

Косовската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Доника Грвала вели дека Косово на ниеден начин не ѝ се заканило на Србија и не презело ништо со што би ја загрозило безбедноста, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реагирајќи на информациите од Белград дека српската војска наводно урнала косовски дрон на српска територија близу границата меѓу двете држави, Грвала на својот Твитер напиша дека се работи за „уште една лажна операција” на српскиот претседател Александар Вучиќ „за обвинување на другата страна, со цел подгревање на тензиите”.

Според шефицата на косовската дипломатија, целта на Белград, односно на Вучиќ и на новоизбраниот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е да предизвикаат конфликт.

– Никаква закана кон Србија. Некогашните следбеници на (Слободан) Милошевиќ, а сега на (Владимир) Путин, Вучиќ и Дачиќ, очигледно следат едно сценарио: бараат конфликт. 2022 година не е 1991, 1992/96, ниту 1998/99. Косово е независно, НАТО и САД го бранат мирот на Балканот, напиша Грвала.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина