Три дена по вториот круг од претседателските избори во Бразил, потпретседателот Хамилтон Мурао призна дека актуелниот претседател Жаир Болсонаро загуби во трката за втор мандат од од Луис Инасио Лула да Силва, јави ДПА.
-Веќе нема смисла да кукаме – ја загубивме играта. Нема за што да се жалиме, ја цитираше весникот „О Глобо“ денешната изјава на поранешниот армиски генерал.
Мурао кажа дека верува оти немало изборна измама.
Болсонаро на изборите во неделата беше тесно поразен од неговиот левичарски предизвикувач Лула да Силва, кој доби 50,9 отсто од гласовите на Бразилците додека тој освои 49,1 отсто.
Во својата прва јавна изјава по изборите, Болсонаро синоќа не го призна поразот и не му честиташе на Лула на победата. Наместо тоа, тој уште еднаш фрли сомнеж врз изборниот систем и изрази разбирање за неговите поддржувачи кои блокираа бројни автопатишта низ земјата, во знак на протест против победата на Лула, пренесе ДПА.