Влошено здравјето на Боки 13, итно задржан во болница

Од:

Бојан Јовановски-Боки 13 итно е задржан на болничко лекување. Информацијата за „А1он“ ја потврдува неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ. Состојбата на Боки 13 се влошила поради тоа што затвореникот во „Идризово“ не добивал терапија и третман за лекување, а требало да ја овозможи домскиот доктор Јулијана Ангелова. Ова е нотирано и во извештајот.

„За жал се остварија нашите стравувања по однос на влошувањето на здравствената состојба на Бојан Јовановски поради немање елементарни услови за примена на строг и задолжителен здравствен третман во затворската установа. Тој е денеска задржан во болница по извршениот контролен преглед. Причина за неговото задржување во хируршката клиника е влошување на здравствената состојба до степен на опасност од прокрварување од варикозните вени. Заради сериозноста на состојбата надлежните лекари специјалисти од областа донесоа одлука пациентот да биде итно задржан на болничко лекување“, вели адвокатот Туфегџиќ за „А1он“.

Состојбата на Боки 13 е животно загрозувачка, тврди адвокатот врз основа на болничките извештаи, од кои дел, се потпишани и од цели колегиуми на болниците. Таков е последниот од направена гастроскопија, каде од еден, нотирани се четири нови улкуси.

„На овие факти, животно загрозувачкиот карактер на болеста и опасноста од отстранување на желудникот, влошување на здравствената состојба на Бојан Јовановски, во текот на постапката за прекин на издржување на казната затвор пред кривичниот суд, укажувавме постојано со медицинските извештаи од лекари специјалисти, конзилијарно мислење и медицинско мислење од стручен колегиум на хирушката клиника. За жал, судот поклони верба на медицинскиот наод и мислење на домскиот лекар од КПУ Идризово во кој ваквите факти се квалификувани како хипотетички претпоставки“, додава адвоктот Туфегџиќ.

Боки 13 поднел и поплака и претставка против домскиот доктор Јулијана Ангелова, бидејќи смета дека иако однапред се знаело дека во уставноата нема услови за негово лекување, таа го тврдела спротивното.

„А1он“ контактираше со Здравствен дом-Скопје каде прашавме дали по влошувањето на состојбата на затвореникот, домскиот доктор ќе понесе и одговорност, но засега нема одговор. Контактиравме и со Министерството за здравство од каде веќе се направени контроли и прашавме дали ќе се преиспитува мислењето кое го дала докторката од „Идризово“ дека Јовановски може да се лекува во затворски услови – но и од таму до сега нема одговор.

За случајот на Боки 13, „А1он“ веќе пишуваше дека тој не добивал терапија во затворот „Идризово“ и покрај лошата здравствена состојба. Ова траело цел месец. Тврдењата беа дека кон него се прменува нечовечко однесување. Во затворот, тој беше и претепан, поради што со Брза помош беше однесен во болница. Неговата состојба, според извештаите и адвокатот, сега е дополнително влошена.

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески