Синдикати на Србија: Ја покануваме Брнабиќ да излезе од топлата вила и да ги погледне цените во маркетите

Од:

Обединетите синдикати на Србија „Слога“ оценија дека премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, со својата изјава за уште едно можно поскапување на струјата и гасот, однапред го обезмисли најавеното зголемување на платите и пензиите.

Изјавата на Брнабиќ за РТС дека струјата и гасот во одреден момент ќе мора повторно да поскапат, а тоа ќе биде условено со зголемувањето на платите и пензиите, за „Слога“ не е ништо друго туку нова најава за инфлаторен удар, уште поголем пад на животниот стандард и намалување на куповната моќ на граѓаните на Србија.

„Ја покануваме премиерката на Србија да излезе од топлата вила на Дедиње во која живее на сметка на граѓаните на Србија со сите придружни државни привилегии и да се спушти меѓу народот, на пазар и да ги погледне цените на основните прехранбени производи. Посебно месото и млечните производи, како и амбалажата на која бесрамно и без санкција се намалува грамажата и дека согласно реалноста носи одлуки кои се во интерес на граѓаните на Србија“, велат од синдикатот во денешното соопштение.

Потсетија дека и самата премиерка признала дека може да живее со минимална плата од 40.000 динари само неколку дена, што, како што велат, „дрско, цинично и без санкција се смеела“ пред сите работници на минимална плата.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Српскиот парламент го доби предлогот за членови на новата влада на Србија

Горан Наумовски