Борис Џонсон го спореди Путин со Милошевиќ: Мистичниот сојуз меѓу Косово и Белград е сличен на Русија и Киев

Од:

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон даде интервју за Sky News, во кое го спореди рускиот претседател Владимир Путин со поранешниот српски претседател и воен злосторник Слободан Милошевиќ.

Тој рече дека Путин направил „катастрофална грешка“ кога решил да нападне во Украина.

– Сите ние во британската влада го прочитавме неговиот луд есеј за Украина, кој го објави минатото лето. Тој во основа погрешно ја процени Украина.

Тоа беше како да го читав Слободан Милошевиќ на тема Косово, изјави Џонсон, пренесува Index.hr.

– Милошевиќ сметаше дека Косово е составен дел на голема Србија и духовна татковина на српската нација. Мислам дека Путин го мисли истото за Киев и за потеклото на православната вера – изјави поранешниот британски премиер.

Тој рече дека тоа е грешка.

– Украина е слободна и независна европска култура со свој идентитет, амбиции и судбина. Направи суштинска грешка – изјави Џонсон.

Да потсетиме, Џонсон во февруари годинава на говорницата на британскиот парламент рече дека Путин е ист како Милошевиќ и дека мистичниот сојуз што Милошевиќ го користел меѓу Косово и Белград е сличен на Русија и Киев.

Би можело да ве интересира

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски