Медведев: Победата на Украина би била причина за употреба на нуклеарно оружје

Од:

Претседателот на рускиот совет за безбедност и поранешен руски претседател и близок соработник на Владимир Путин, Дмитриј Медведев, се огласи на Телеграм, повторно споменувајќи го нуклеарното оружје.

Медведев посочува дека Западот вели дека „не смее да и се дозволи на Русија да ја добие војната“ и дека тоа значи победа за Украина.

Враќањето на територијата на Украина значи распаѓање на денешна Русија, ова е причината за употребата на нуклеарно оружје“

„Целта на Украина во војната веќе беше дефинирана од режимот во Киев – враќање на сите територии кои претходно и припаѓаа, односно нивно отстранување од Русија. Ова е закана за опстанокот на нашата земја и распаѓање на денешна Русија“, вели Медведев.

Тој вели дека ова е „директна причина за примената на член 19 од Основата на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарното одвраќање“, сугерирајќи дека Русија ќе има право да користи нуклеарно оружје во случај на враќање на окупираните територии до Украина.

„Западните земји го туркаат светот во глобална војна. А само целосната и конечна победа на Русија е гаранција против светскиот конфликт“, заклучи тој

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ