Украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша на Твитер дека имал „исклучително важен и продуктивен разговор“ со својот француски колега Емануел Макрон за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина и обновување на оштетената енергетска инфраструктура.
Зеленски не прецизираше за што се договориле двајцата претседатели, но му се заблагодари на Макрон за неговата поддршка од почетокот на руската инвазија.
„Исклучително важен и продуктивен разговор со францускиот претседател Емануел Макрон. Конкретни одлуки за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина. Специфични иницијативи за обновување на уништената енергетска инфраструктура. Ви благодарам, пријателе, за вашата непоколеблива поддршка“, напиша Зеленски во својата порака на Твитер.
Извор: МИА