Кошаркарката на евролигашот УСК Прага, Мерит Хемпе, ќе биде нов член на женската репрезентација на Македонија во продолжението од квалификациите за женскиот Евробаскет 2023.
Искусната кошарка која игра на крилната позиција, доби македонско државјанство и ќе игра како натурализирана кошаркарка за нашата најдобра женска селекција.
Хемпе важи за искусна интернационалка, која по завршувањето на Универзитетот Џорџија, каде во сениорската сезона имаше просечни 9.6 поени и 6.1 скока, се пресели во Европа.
Хемпе ќе биде дел од нашата најдобра женска селекција за она што следува на крајот на ноември. Тоа се квалификациските натпревари од групата А, против селекциите на Белгија и на Германија.
Извор: Топспорт