Заврши делумната мобилизација во Русија

Од:

Руското Министерство за одбрана објави дека е завршена делумната мобилизација, која беше искористена за испраќање засилување во Украина како дел од она што Русија го нарекува „специјална воена операција“.

Во изјавата во име на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, Министерството изјави:

„Запрени се сите активности поврзани со регрутирањето за воена служба од страна на воените комесаријат, заедно со извршните органи на конститутивните субјекти на Руската Федерација“.

Како што е наведено, според упатството, на целиот персонал на воениот комесаријат кој се занимава со обезбедување делумна мобилизација од 31 октомври годинава, му е наредено да се врати вообичаено да ги извршува работните задачи.

Во иднина работата на воените комесаријат за регрутирање на вооружените сили на Руската Федерација ќе се организира само со прифаќање на доброволци и кандидати за воена служба по договор, пишува „Гардијан“.

Шојгу веќе го известил претседателот на Русија Владимир Путин дека целта за мобилизација на 300.000 луѓе е исполнета.

Тој рече дека не се потребни дополнителни активности и дека се е завршено кога станува збор за планираната делумна мобилизација.

На 21 септември, рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација во Русија како значајна ескалација што донекаде ги доведе луѓето и економијата на земјата во воена состојба. Во долгоочекуваното телевизиско обраќање, Путин рече дека првата мобилизација на Русија по Втората светска војна е директен одговор на опасностите што ги носи Западот, кој „сака да ја уништи нашата земја“.

Набргу по соопштението на Путин, Шојгу рече дека 300.000 Руси ќе бидат повикани како дел од мобилизацијата што ќе се однесува на „оние со претходно воено искуство“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски