Кремљ: За Украина би било ризично да продолжи да извезува жито преку Црното Море

Од:

За Украина би било ризично да продолжи да извезува жито преку Црното Море, откако Москва го прекина учеството во договорот постигнат со посредство на ОН за олеснување на транспортот, соопшти денеска Русија.

„Во услови кога Русија зборува за неможноста да се гарантира безбедноста на превозот во тие области, таков договор е тешко изводлив и добива поинаков карактер – многу поризичен, опасен, без гаранции“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој ја обвини украинската страна дека со своите постапки ги прекршила условите од договорот.

Во саботата, Русија соопшти дека го суспендира своето учество во тој договор по нападот врз нејзината црноморска флота.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Кремљ: Европските престолнини се повеќе ги газат демократските норми

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски