Украинскиот премиер Денис Шмихал објави своевидно резиме на масовниот руски ракетен напад утринава. Руските сили, објави Шмихал, утринава нападнале 10 региони со проектили и оштетиле 18 објекти.
Целите не беа воена, туку критична цивилна инфраструктура“, објави Шмихал на Телеграм.
„Стотици населени места во седум региони останаа без струја“, рече украинскиот премиер, додавајќи дека „инженерите работат со полна пареа“ за да ја санираат штетата.
Во регионите на Киев, Запорожје, Харков и Дњепропетровск, на сила се итни намалувања на електричната енергија, додаде тој.