Руски проектил соборен од украински систем за противвоздушна одбрана паднал во Молдавија, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи.
„Утрово ракета соборена од украинскиот противвоздушен систем падна во северниот дел на градот Наславц во Република Молдавија, кој се наоѓа на границата со Украина. Во моментов нема повредени, но оштетени се неколку куќи во Наславче“, јавува „Главком“.
#Moldova A Russian missile shot down by the Ukrainian anti-aircraft system fell in the northern end of the town of Naslavcea in Moldova, which is on the border with #Ukraine. Several houses were damaged but no victims were reported pic.twitter.com/429vPlVoZS
— Hanna Liubakova (@HannaLiubakova) October 31, 2022
Украинските власти известија дека утринава бил извршен напад со дрон на браната Днестар на територијата на Украина, која се наоѓа на еден километар од браната во Навслач. Рускиот напад не ја оштети браната, но електричните компоненти поврзани со неа беа компромитирани. Украинските власти најавуваат дека во моментов нема опасност од поплави.